29 Март, 2024
0.0246

Иванов му подари шарпланинец на емирот од Катар, што доби за возврат?

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

За време на посетата на Доха, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов му го подари шарпланинецот Рино на Хамад ал Тани, емирот од Катар. За шарпланинецот Рино кој е стар 4 месеци, а роден во армиската одгледувачница, сега ќе се грижат луѓе на емирот во кралската палата во Доха, пишува „Утрински весник.“ Покрај Рино, Иванов на својот домаќин му подари колекција македонски производи, во која имало македонски чаеви, природен мед со тартуфи и фотоалбум со фотографии од Македонија, како и охридски бисери за сопругата на емирот. Иванов пак во Македонија како подарок од Катар донесол реплика на старовремски брод со кој се ловеле бисери, а првата дама добила сувенири од Катар. Уметнички слики, артефакти, охридски бисери, книги и пијалаци се само дел од подароците кои ги разменуваат високите државни претставници во земјава, со своите колеги од странство. Според законот, секој подарок што ја надминува вредноста од 50 евра е во сопственост на државата и не може да се присвои како личен подарок, пишува „Утрински весник“.