28 Март, 2024
0.0247

Иванов ја одигра последната улога на шаховската табла, ќе остане жртвуван како „Коњ“

Објавено во: Колумни 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По бројните олеснувачки пораки кои ги пренесоа претставниците на земјите меѓународни партнери на Република Македонија, сосема неочекувано последната дипломатска „стрелка“ ја упати германското Министерство за надворешни работи во владата на Меркел која подолг временски период имаше благ однос кон екс премиерот Груевски. Прес-службата на Министерството за надворешни работи на Германија го поздрави вразумувањето на претседателот Иванов кој конечно до додели мандатот на Зоран Заев кој го има парламентарното мнозинство и може да формира влада исто како и пред три месеци. На овој начин Иванов го одигра последниот голем потег како политички „велемајстор“ иако ова е втор пат, да го менува својот првичен акт кога ги аболицираше осомничените од „бомбите“.

- Добро е што претседателот Иванов попушти и повеќе не го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука долго се очекуваше и конечно го рефлектира исходот од изборите 2016 година во Република Македонија, се вели во изјавата дистрибуирана од германското МНР.

Тогаш Иванов пропушти можност со барањето за потписи кои го гарантираат парламентарното мнозинство на Заев и заборави да побара гаранции за унитарноста на Република Македонија, за задржување на уставниот карактер и суверенитетот. 

Германското МНР ги повикува сите актери на политичката сцена сега да работат заедно и конструктивно во преговорите за создавање на престојната владина коалиција.

- Македонците не заслужиле на нивниот грб да се играат политички игри. Тоа што на земјата ѝ е потребно и што граѓаните оправдано го очекуваат е брзо формирање на нова влада која што брзо ќе се вклучи во опсежната имплементација на „Договорот од Пржино“ и на другите итни реформски приоритети. Длабоките реформи се неопходни за да се овозможи продолжување на македонскиот пат кон евроинтеграциите. Германија ќе продолжи да ја поддржува земјата на овој пат, се вели во пораката од германското МНР во врска со состојбите во Македонија.

Иванов имаше можност да го проследи мандатот до Зоран Заев и во моментот кога пратениците јасно искажаа подготвеност да го потврдат мнозинството со својот глас. По јасното согледување на состојбата во која ВМРО-ДПМНЕ целосно го злоупотреби деловничкото право за збор и реплика за меѓусебно реплицирање и контра-реплицирање, мнозинството ја изрази својата волја која ја носи во име на народната волја преточена во 67 мандати. 

Одлуката на Иванов да попушти ја олесни најмногу формулацијата „Се откажаа од Тиранската платформа“. Во гаранциите кои ги даде СДСМ воопшто не се споменува терминот платформа, туку ги наведува само уставните категории од најголема важност кои ќе ги почитува и заштитува. 

Меѓутоа оваа маска одбиваат да ја носат само најтврдокорните членови на партијата, додека пак сите други сфаќааат дека е ова голем пораз и време е да се префрлат на делување како нова опозиција. 

Бенефитот од овој развој на настаните е што се избегна фронтална конфронтација доколку се гласаше нова Влада без добиен мандат, што би се сфатило како реприза на изборот на Талат Џафери како нов собраниски спикер по што следеше крвав напад во Собранието на 27 април.

Сега треба да следува спласнување на тензиите, префлање на кризата во новите институции кои СДСМ како предводници на Владата и Заев како нејзин Премиер треба да ги формираат за да таму да ги канализираат и спроведат дадените ветувања за декриминализација и враќање на правната држава. Најдобар пример за институционална популарност е СЈО. Тимот на Катица Јанева мора да покаже и сега дека може да се справи со предизвиците на кривичниот прогон, но и тоа да го докаже на суд. 

Иванов ќе биде најголемата политичка фигура која губи и ќе служи како вреќа за боксирање на најжестоките „вмровци“ кои се уште не се „предаваат“. Балансот претседателот на државата ќе го постигне со евентуална амнестија за напаѓачите кои упаднаа во Собранието и на тој начин да ја докаже својата лојалност и пожртвуваност.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?