29 Март, 2024
0.0273

Иванов: Со албанската платформа ќе настане длабока провалија

Објавено во: Македонија 17 Април, 2017

Добивај вести на Viber

„Ако ви ја раскажам детално целата ситуација - за сите кои се вклучени во она што се случува во Македонија и сето она што се случи во последните три години, Вие и вашата публика ќе доживеете тежина, а некои дури и ноќни кошмари“. Тоа го изјавил претседателот Ѓорге Иванов пред авторитетното хрватско списание „Глобус“ по повод политичката криза во земјата. 

Шефот на државата потсетува дека „ако му даде мандат за формирање влада на Зоран Заев, тој ќе го наруши чл.308 од КЗ и ќе ја наруши независноста на земјата, бидејќи ќе се спроведува платформа, која била формирана во странство“. Според него целта на албанската платформа е да стане албанскиот рамноправен на македонскиот јазик во земјата.

„Албанската платформа ќе ја укине Македонија онаква каква што ја познаваме денес, а во земјата ќе има два сегменти и Македонија ќе биде и етнички, верски и јазично различна. Ќе настане длабока провалија. Граѓаните се сомневаат длабоко во намерите на оние кои ја подготвија оваа платформа. Според нив Македонија ќе биде преодна фаза, ќе користам тешки зборови, фаза кон трета албанска држава“, вели македонскиот претседател. 

„Најголемата грешка е направена од ЕУ. Моќта на ЕУ произлегува од она што ние го нарекуваме европеизација. Додека постоеше можност за неа, ЕУ ја имаше моќта да им ја даде на поранешните социјалистички земји силата да се трансформираат, при тоа доброволно. Со доаѓањето на Јункер на чело на ЕК и особено со неговата изјава: во мојот мандат нема да има проширување на ЕУ, беа блокирани сите процеси за европеизација на нашиот регион. Во оваа ситуација се појавува вакуум, се појавија играчи кои во денешниот мултиполарен свет сакаат да добијат дел од тоа, кое еве се менува“, додал Иванов.

На прашањето кои се овие играчи и кои се нивните интереси на овие простори, Иванов одговара: „Не станува збор за геополитика, туку за геоинтереси. Станува збор не само за гасоводи, а и за железници и за водниот канал кој беше инициран од Кина и кој може да го поврзе Дунав со Егејското море. Станува збор за реален проект.Овде станува збор и за турското влијание, за влијанието на арапските држави. Се формира вакуум во нашиот регион, кој доведе други играчи тука. ЕУ, која се соочува со разрешување на својата криза, не најде време да ја сфати улогата на географијата. Требаше да дојдат еден милион мигранти од Блискиот Исток и ЕУ да сфатат кој е најбрз, најблискиот и најевтиниот пат помеѓу Европа, Блискиот Исток и Азија. Со еден збор се обнови силата и моќта на географијата“, нагласува Иванов.

Иванов длабоко не ги прифаќа тврдењата на бајките за Русија и САД. За да се аргументира, тој детално информира за придонесот на македонскиот воен контингент и приврзаноста кон САД.

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?