29 Март, 2024
0.0252

Иванов со Бан Ки-мун, претседателот пофален за ангажманите во ОН

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот Иванов на средбата со генералниот секретар Бан ки-мун доби големи пофалби и признание за неговиот ангажман за повеќе теми меѓу кои глобалните климатски промени и актуелната бегалска криза која се наметнува и во Обединетите нации, а Македонија се обидува да биде дел од решениетот.

„Чест и привилегија беше можноста да соработувам со Вас изминатите години, Вие сте еден од највидливите и најактивните лидери“, истакна Бан за Претседателот на Република Македонија, поздравувајќи го лидерството на Иванов на теми од важност за Обединетите нации како климатските промени, Алијансата на цивилизациите, одржливиот развој, мигрантската криза, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.

На средбата биле разменети мислења за актуелните предизвици со кои се соочуваат Обединетите нации, состојбите во Република Македонија и регионот, како и за разликата околу името и процесот што се води во рамки на Обединетите нации.

– Претседателот Иванов ја поздрави иницијативата за одржување состанок на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации за големите движења на бегалци и мигранти, прашања кои, според претседателот Иванов, бараат заеднички пристап и координирана акција. Претседателот Иванов и генералниот секретар Бан разменија мислења за состојбите во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа, особено во контекст на неговата европска и евроатлантска перспектива, информира Кабинетот.

Во однос на разликата за името, Иванов ја истакнал подготвеноста на Република Македонија за конструктивно учество во процесот што се води под Обединетите нации, во рамки на меѓународното право, Времената спогодба, резолуциите на Обединетите нации и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

– ‎Претседателот Иванов ги поздрави зачестените контакти како и мерките за градење доверба кои треба да се прошируваат. „Со дијалогот и со мерките се создава позитивен амбиент кој помага за враќање на довербата и подобро разбирање“, истакна претседателот Иванов. На крајот од неговиот втор мандат како Генерален секретар на ОН, претседателот Иванов го пофали лидерството на Бан Ки-мун и неговата посветеност на основните вредности на Обединетите нации и му посака успех во неговите идни ангажмани, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“