26 Април, 2024
0.0274

Ивановски на Валтер му го презентираше развојот на информатичкото општество во Земјата

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска на средба со потпретседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Роберт Валтер ги претстави активностите и плановите за развој на информатичкото општество во Македонија.

Пред Валтер, кој воедно е и известител за пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија, биле презентирани напорите за достапноста на интернетот во сите општествени сфери и во домаќинствата.

- Министерот Ивановски потенцира дека над 62 проценти од македонските домаќинства поседуваат компјутери и 55 проценти од нив имаат поврзување со интернет.

Во делот на средствата за јавно информирање, Валтер се интересирал за напредокот кој Македонија го остварува на планот на слободата на изразувањето на медиумите и законската регулатива во таа област, а меѓу другото станало збор и за  донесувањето на законот за декриминализација на клеветата.

- Во наредниот период со новите законски регулативи ќе се настојува да се професионализира работата на медиумите, пред се на телевизиските станици, кои во иднина ќе бидат со национална и со регионална концесија. Според изнесеното, во подготовката на новиот закон ќе бидат вклучени мислењата на сите фактори кои имаат надлежности во тој домен, како што се медиумите, стручните мислења на европските земји, приватниот сектор.., се вели во соопштението. Потпретседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Роберт Валтер препорачал зајакнување на соработката на Република Македонија со Советот на Европа и ja понуди помошта која земјава може да ја добие од најстарата паневропска организација.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија