19 Април, 2024
0.5387

ИЗБОРЕН ИНЖЕНЕРИНГ е изговорот на лојалистите на Груевски кои имаат јавен крах

Објавено во: Анализа 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Последните лојални борци за ликот и делото на Никола Груевски се уште не можат да сфатат како партијата која тој ја води доживеа тотален дебакл на првиот круг на локалните избори со тешки порази во голем број на општини и драстично намалувајќи го бројот на освоени гласени во споредба со претходните локални или последните парламентарни избори. 

Додека аналитичарите, новинарите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ конечно ги фрлија маските на независни или непартиски личности директно потврдувајќи ги јавните сомнежи дека одработуваат за агендата на Груевски, се прават очајни обиди да се смислат изговори за поразот и да се насочи некаде вината, а овој пат како по партиска команда одбран е терминот „ИЗБОРЕН ИНЖЕНЕРИНГ“.

Поентата на оваа кованица е да се збуни пред се членството на ВМРО-ДПМНЕ и преостанатите верни гласачи, дека ете поради тој проклет изборен инженеринг не ни можело поинаку освен партијата да доживее така тежок и болен пораз по речиси 12 годишна власт.

Во виновникот „изборен инженеринг„ овие квази активисти, аналитичари и лажни новинари кои се партиски војници поради краткото време за „готвење“ на целиот спин направија вистинска турлитава, па некои тврдат истиот изборен инженеринг започнал далечната 2008 година со грчкото вето во Букурешт само и само на Македонија потоа да и биде сменето името. Други пак, велат изборен инженеринг започнал откако Заев во 2014 одби да ги признае изборите со што започна длабоката политичка криза на што следеше објава на бомби, постојани протести, Шарена револуција, Тиранска платформа, одложено формирање влада, за да кулуминира со последните потези на Крвавиот четврток. 

Теориите на заговор кај десничарите како да се шират полесно од вируси, никој не сака да ја признае сопствената одговорност, тврдоглавоста со постојани контра-протести, заканите, уцените, навредите, поделбите на народот, постојаното прогласување на предавници кои сега по овој фамозен изборен инженеринг се повеќе ги бараат во своите редови дури нарекувајќи ги и кукавици. 

Секако, целта е добро да се дефокусира самото членство од жешката тема наречена смена на Никола Груевски и во која форма ќе продолжи да живее ВМРО-ДПМНЕ понатаму. Очигледно кој и да го наследи, без оглед дали ќе биде радикален, умерен или проресивен десничар ќе си има огромен проблем со раслоено членство, со неформални фракции, со квази патриотски здруженија кои се обидоа да функционираат како парамилитарни групи, со уште порадикални членови кои се повикуваат на терористичкото ВМРО и дека имаат „долга“ рака, па се до членови со умртвени политички кариери фатени во пријателски оган.

Интересно е што беше потребен само еден пораз на избори за да се случи овој јавен крах на најжестоките поддржувачи на Груевски, најверојатно секој од нив се прашува какво ќе биде неговото место во партијата и дали тие самите со долгогодишното лажење пред јавноста, со спиновите, со манипулациите и теориите на заговор можеби придонесоа за одвлекување и заморување на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ како партија која постојано е во некаков конфликт и студена војна со секој околу себе.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!