Изборен молк во Македонија
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2017
Почна изборниот молк во Македонија.
Гласачките места ќе бидат отворени во недела во седум, а ќе се затворат во 19 часот. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
На шестите по ред локални избори во земјава, учестуваат околу 800 кандидати за градоначалници од 19 политички партии и коалиции. Самостојно настапуваат 64 независни кандидати.