Изборен штаб на Клинтон евакуиран поради сомнителна пратка со антракс
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2016
Канцеларија на Хилари Клинтон која се користи како изборен штаб во Бруклин, Њујорк е итно евакуирана од полициски специјалци откако вработени добиле писмо во кое имале бел прав за кој се посомневале дека е антракс.
Супстанцата е веднаш испратена на лабараториски испитување и засега нема информации кој и со каква цел ја испратил во изборниот штаб на Клинтон. Веднаш е контактирана и тајната служба со цел да се преземат мерки за обезбедување на претседатлската кандидатка од можни закани.