28 Март, 2024
0.0257

Избори се ближат, шестката останува нерешена

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Шестата изборна единица останува нерешена со вишокот на гласачи. 

Собранието е веќе распуштено и законски не постои можност да биде вклучено во расправата за оваа изборна единица. На последната собраниска седница, предлогот за изнаоѓање решение за вишокот гласачи во шестата изборна единица,  беше отфрлен од пратениците и не се најде на дневен ред. Топката се префрла кај Државната изборна комисија,  а оттаму велат дека немаат никаква надлежност за решавање на проблемот во шестата изборна единица. 

Во јавноста се отвори и прашањето дали оваа изборна единица може да ја доведе во прашање легитимноста на изборите кои треба да се одржат на 11 декември.  

Првиот човек на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи во неколку наврати инсистираше на решавање на проблемот во шестата изборна единица,  но подоцна се откажа од оваа намера. 

И еврокомесарот за проширување,  Јоханес Хан при неговата последна средба со политичките партии во земјава посочи дека пред избори треба да се реши шестата изборна единица. 

Оваа изборна единици  има 5,28%  повеќе гласачи од законски дозволеното.

Имаше предлози за прекројување на границите на сите изборни единици, и друг предлог според кој дел од гласачите од шеста може да се префрлат во петтата изборна единица, односно жителите на Дебар или на Центар Жупа да се префрлат во шестата изборна единица.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“