ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА: Радев е пред Цачева
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2016
И ЦИК, и социолошките агенции истакнуваат дека одѕивот за актуелните претседателски избори е рекордно висок, особено во споредба со онoj од последните неколку години.
При обработени 95,17% гласови кандидатот на опозициската левица, Румен Радев освои 25,70%, а Цецка Цачева од партијата на премиерот Бојко Борисов доби 22% гласови во првиот круг од претседателките избори. Трет е Красимир Каракачанов со 15,04%.
Ова го покажуваат податоците на ЦИК до 13:30 часот. Следуваат Веселин Марешки со 10,87%, Пламен Орешарски со 6,51%, Трајчо Трајков - 5,87%, додаваат од ЦИК.
Квадратчето „Не поддржувам никого" го шкртнале 5,64% од гласачите.
Предизборните анкети покажуваа дека Цанчева ќе победи во првиот круг. Поради тоа што ниту еден кандидат го нема неопходното мнозинство од 50 насто, ќе се одржи втор круг на 13 ноември.
Пред изборите Борисов изјави дека ќе свика предвремени парламентарни избори доколку Цанчева не успее да стане претседател уште во првиот круг. Радев кој е од Социјалистичката партија се залага за потесни врски со Русија и е за крај на санкциите врз Москва.