29 Март, 2024
0.0317

ИЗБОРИТЕ ПОКРЕНАА БУРА: „Бомбите“ го направија своето, завршува ли ерата на Груевски?

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

И официјално Државната изборна комисија сооошти дека 45 општини добија градоначалници во првиот круг од гласањето на локалните избори.

Во 37 општини и градот Скопје победи владеачката СДСМ, опозициската ВМРО ДПМНЕ ја однесе победата во три општини, ДУИ во две, а во останатите две , двајца независни кандидати.

Според ДИК, СДСМ и нејзините партнер освоија 451.726 гласови, додека за ВМРО ДПМНЕ гласале 335.054 избирчи.

Конечните резултати од шестите локални избри во земјава, комисијата ќе ги соопшти по завршувањето на рокот на приговори и жалби, кој трае 48 часа.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски рече дека изборите се спроведени согласно законот, во фер и демократска атмосфера.

Во избирачкиот список беа запишани 1.814.634 гласачи, а на 3.480 избирачки места, гласале 1.076.451 гласач или 59.55 отсто.

Вториот круг како што спомнавме ќе се одржи на 29 октомври во 35 општини во кои ниу еден кандидат за градоначалник не доби потребно мнозинство.

Изборите покренаа бура

Најдолго очекуваните локални избори во историјата на Македонија донесоа резултати изненадувачки дури и за македонските гласачи. Тоа е затоа што, пред изборите, беше тешко да се најде аналитичар кој би се заложил за ригидна прогноза за исходот на изборите, а најхрабрите очекувања стигнаа само до поделба на местата на градоначалници и да ги усогласат гласовите за партиските листи.

Коалиционата влада на СДСМ и партиите од т.н. албански политички блок имаа кревко парламентарно мнозинство, додека ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски, беше насочена да ја врати власта, која според неа и беше одземена неправедно. Така, локалните избори одеднаш добија дополнителен залог на национално и судбоносно значење за идниот развој на Македонија. Победата на СДСМ значеше гласање за доверба на курсот на проевропска и проатлантическа политика, за враќање на довербата кон соседите и за излез на земјата од изолацијата во која беше во последниве години. 

Победата на ВМРО-ДПМНЕ гарантираше речиси одредени предвремени парламентарни избори, нов почеток на политичката криза и враќање на политичкиот диктат на еднопартискиот систем на власт.

На крајот "бомбите", откритијата, Мерцедесите, и парите пренасочени од автопатите на кон се поголемо осиромашување на Македонија, го направија потребното. 

Заедно со општинската власт партијата на Груевски изгуби и мнозинството во општинските совети во речиси сите поголеми градови на Македонија. По неверојатна иронија, на првиот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои исто толку градоначалнички места, колку што и отстапи на опозицијата на СДСМ пред 4 години, за време на изборите во 2013 година. 

Отворено остана само прашањето за оставката на Груевски, кој по стар балкански обичај вети дека ќе преземе одговорност и побрза да ја обвини новата влада за сè, за  кое тие го обвинуваа  речиси десет години, без да сфати дека неговото време веќе истече. 

Всушност каков и да е резултатот од вториот круг на локалните избори, каде кон бранот на протестно гласање против ВМРО-ДПМНЕ ќе се додадат и задолжителните 5% конформизам, сигурно е дека за Македонија ерата на Груевски веќе е завршена, без разлика дали го очекува страста од политичките противници за долг престој во Шутка или емиграција во некоја друга држава.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата