16 Април, 2024
0.0255

Изборниот караван тргна: Груевски бара 63 пратеници, Ахмети се „крсти“ во УЧК, Заев ќе урива режим!

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ традиционално од Охрид, СДСМ за прв пат од Прилеп ја стартуваа изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори во декември. Програмата за овие избори ВМРО-ДПМНЕ ја наслови „Реално“ и им беше презентирана на членовите и симпатизерите на партијата на митингот во Охрид.

“Овие избори се референдум во каква Македонија сакаш да живееш! На овие избори народот референдумски ќе одлучи во каква Македонија сака да живее и ќе испрати порака до сите оние кои во овие две години се занимаваа со нас, до сите оние кои сакаа со сценарија да ни ја срушат државата, да ни ја прекројат, да ни ја преуредат по нивни терк, да наметнат нешто друго, нешто што е нивни интерес, а не интерес на овој народ. Ако веруваш во Македонија, гласај против сценаријата кои и се кројат на државата со двојазичност, и воспоставувањето на нова држава без идентитет и без суверентитет! Затоа ни се потребни ни се 63 места во парламентот, 63 пратеници кои ќе гарантираат дека овие сценарија нема да успеат, 63 пратеници кои ќе ја бранат сувереноста на Македонија, 63 пратеници кои се суверенисти кои сакаат унитарна држава, 63 пратеници без кои нема да може да се справува како што треба“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Заев го повика Груевски да не се крие и да излезе на дуел со него

Во исто време во Прилеп, лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред прилепчани го престави „Планот за живот во Македонија“. На митингот Заев ја промовираше изборната програма и најави економски реформи како враќање на ДДВ-то, зголемување на минималната плата и неповратни грантови за млади за почнување бизнис.

Македонија треба да биде горда што Уставот “најшироко го гарантира правото за користење на јазиците на сите етнички заедници”, рече Заев.

“Треба да сме горди што Уставот на Република Македонија најшироко го гарантира правото за користење на јазиците на сите етнички заедници. Нашиот Устав е либерален и европски по прашањата на јазиците. Тоа е така. И така ќе остане. Наметнувањето на она што реално не постои го прават оние што немаат никаква понуда за граѓаните и оние што се плашат од слободно искажаниот збор. Лагите повеќе не минуваат. Тие што крадат и што беснеат и што лажат – лагите завршуваат на 11 декември.”, порача Заев од говорницата во Прилеп.

Тој го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на ТВ дуел:

“Груевски те повикувам на дуел. Да прифатиш дуел за да те прашам за сето тоа што не беше чесно да го објавам со “Вистината за Македонија”. Да те прашам, а не да се криеш. Десет години владееш. Како не ти е срам да бегаш од дуел. Зборуваш за демократија и транспаретност. Прифати дуел за да можеш да ме прашаш, а ама и јас и народот да те прашаме. Нема да прифати Груевски, ќе продолжи да бега но тоа нема да не спречи. Но, нема каде да оди. Сите здружени сплотени ќе го запреме. Ќе го запреме режимот!“, изјави Заев.

УЧК напомош

Ахмети од Липково порача дека 11 декември е важен датум од кој ќе почнат во земјата да се носат главните одлуки.

„Изборите на 11 декември се клучни, бидејќи се решава за големи прашања. Се решава дали ќе продолжиме по зацртаниот пат  или ќе се влечкаме. Ние сме со НАТО, со Брисел, со обединета Европа, со Вашингтон и со САД. Затоа, да си ја завршиме нашата работа и  да излеземе уште посилни.“ - изјави Ахмети.

Претходно Артан Груби се обиде да ја запали масата во Скопје со скандирање УЧК.

ДПА чекори право

Демократската партија на Албанците ја почна кампањата за претстојните предвремени парламентарни избори во скопско Студеничани. Под мотото „Чекориме право“, беа испратени пораки дека ДПА ќе води кампања за позитивни промени. Претставувајќи ја програмата на партијата лидерот Мендух Тачи, го повика членството и симпатизерите овие избори да бидат мирни и демократски, бидејќи, како што рече, само тоа е во интерес на Албанците.

„Се разбира дека сме во состојба на извонредно и многу големо незадоволство кон нашите опоненти, Али Ахмети и ДУИ. Сепак ние ќе бидеме победници и ќе ја донесеме слободата и економското зајакнување на Албанците. Од денеска треба да се погрижиме состојбата да не излезе од контрола. Има многу непријатели кои се заинтересирани политичката состојба на Албанците од Македонија да ја извадат од контрола. Ние нема да дозволиме тоа да се случи, рече Мендух Тачи.

ПДП стартуваше од Тетово

Партијата за демократски просперитет (ПДП)  вечерва со собир во Тетово ги почна активностите во рамки на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Мотото на нивната кампања е „Гордо и достоинствено“, а ќе учествуваат со кандидати за пратеници само во Шестата изборна единица. На собирот беа претставени кандидатите за пратеници што ги предводи претседателот Абдуљади Вејсели.

Коалицијара ВМРО за Македонија, која ја предводат Љупчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, првиот митинг ќе одржи денеска во Охрид.

20 дена празни или реални ветувања

Изборната кампања ќе трае се до 9-ти декември. Дотогаш партиите ќе се селат од град во град, од општина со населено место, каде ќе ги презентираат своите програми и ќе ветуваат проекти и подобар живот. 

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта