29 Март, 2024
0.0263

Изборот на Трамп треба да биде лекција за Европа

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

„Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е важен настан и лекција за Европа, но е премногу рано да се утврди дали ЕЦБ треба да дејствува во име на стабилноста на пазарите“. Ова е ставот на Беноа Квери, член на Извршниот совет на Европската централна банка

„Ова треба да биде лекција за Европа - во свет каде што изненадувањата се зголемуваат, Европа треба да ја контролира својата судбина“, категоричен е Квери.

„За да биде Европа силна во однос на безбедноста и одбраната, таа треба да има силна економија. А за да биде економијата силна, треба во секоја земја да се спроведат реформите, а Еврозоната да функционира подобро“, објасни тој.

Квери додаде дека нестабилноста на пазарите треба да се избегнува, но засега обновата на Еврозоната зема замав.

Во меѓувреме, во САД почнаа масовни протести против изборот на Доналд Трамп за претседател. Повеќе од 860 илјади државјани потпишаа петиција дека сакаат Хилари Клинтон да биде прогласена за претседател на САД.

Доналд Трамп ги смета протестите како многу неправедни. „Имав многу отворени и успешни претседателски избори. Сега професионални демонстранти, поттикнати од медиумите, протестираат. Многу неправедно!“, напиша Трамп во неговиот профил на социјалната мрежа Twitter.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?