ИЗЕТБЕГОВИЌ ЈА ОСТАВИЛ БИХ ВО АМАНЕТ НА ЕРДОГАН: За Додик ова е скандалозно
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2017
Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ рече дека пред смртта неговиот татко Алија Изетбеговиќ на сегашниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган му оставил аманет да биде тутор на БиХ.
Бакир истакнал дека врската меѓу неговиот татко и Ердоган била многу силна затоа што тој бил еден од последните личности со кои разговарал пред да почине.
„Тој во него препозна јак лидер и му ја остави Босна во аманет. Јас мислам дека Ердоган добро се носи со тој аманет“- изјавил Изетбеговиќ по повод одбележувањето на 14 годишнината од смртта на првиот претседател на самостојна БиХ, Алија Изетбеговиќ.
За претседателот на Република Српска, Милорад Додик неговата изјава е скандалозна. Вели дека Бакир на Ердоган на чување може да му го даде само имотот кој го поседува. Додик рече дека во БиХ живеат два христијански народи во чие име Алија никогаш не говорел ниту имал мандат да говори.