29 Март, 2024
0.0245

Изетбеговиќ за пресудата од Хаг: Toa става печат на еден темен дел од историјата

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Членот на босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ денеска кажа дека пресудата за шестемина членови на раководството на босанските Хрвати за време на граѓанската војна става печат на еден темен дел од историјата.

Шесте хрватски политички и воени водачи од БиХ беа осудени на казни од 20 до 25 години затвор, а при изрекувањето на пресудата во Трибуналот во Хаг генералот Слободан Праљак испи отров, по што почина во болница. 

„Својата последна пресуда Трибуналот му ја изрече на Јадранко Прилиќ и на една група кои учествуваа во злосторничкото здружение и во политиката предводена од Фрањо Туѓман“- изјави Изетбеговиќ.

Хрватските политичари и команданти беа осудени за организирање напади врз бошњачки цивили во Прозор и други места во Херцеговина, со цел да се создаде етнички чиста хрватска територија.

Бакир Изетбеговиќ, кој е син на поранешниот претседател на БиХ на  Алија Изетбеговиќ, рече дека неговиот народ се соочил со концентрациони логори и злосторства кои нема да бидат заборавени. 

Изетбеговиќ изјави дека не предвидува конкретни мерки во однос на Хрватска по изрекувањето на пресудата. Според него, потребно е самата Хрватска да доживее катарза во однос на војната. 

Силно полициско присуство е забележано денеска на улиците на босанскиот град Мостар, по изрекувањето на пресудата против шест водачи на босанските Хрвати и по драматичното самоубиство на генералот Слободан Праљак во судницата на трибуналот во Хаг.

Мостар има мнозински хрватски и бошњачки дел, а пресудите беа изречени токму за воени злосторства извршени од страна на хрватските сили врз Бошњаците.

Повеќе организации на хрватски ветерани од војната најавија собири во чест на генералот Праљак и другите пет осудени хрватски политички и воени водачи. 

Можеби ќе ве интересира

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф