ИЗГОР ЦЕНИ: Еве колку чини да изнајмите еднособен стан во 30 големи градови во светот
Објавено во: Финансии 15 Март, 2017
Секој кој претпочита живот во големи град, знае дека со него одат и големи трошоци. За млад човек кој работи изборот е еднособен стан (со една спална соба, по западните стандарди).
Истражување на Катастарскиот сајт RENTCafé ги споредува цените на таквите станови во 30 од најголемите финансиски центри во светот и покажува точно колку е скап животот во големите метрополи.
Аналитичарите на сајтот ги споредуваат цените во наведените градови, за да видат колку излегува во просек киријата на живеалиште меѓу 55- 93 квадратни метри.
Погледнете колку ќе ве чини еднособен стан месечно во 30-те големи градови:
30. Казабланка, Мароко - 820 долари
29. Монтреал, Канада - 850 долари
28. Тајпеј, Тајван - 910 долари
27. Минхен, Германија - 1110 долари
26. Торонто, Канада - 1200 долари
25. Франкфурт, Германија- 1350 долари
24. Ванкувер, Канада - 1400 долари
23. Осака, Јапонија - 1440 долари
22. Шенжен, Кина - 1520 долари
21. Луксембург - 1530 долари
20. Лондон, Велика Британија - 1650 долари
19. Кајмански Острови - 1680 долари
18. Мелбурн, Австралија - 1690 долари
17. Чикаго, САД - 1720 долари
16. Париз, Франција - 1730 долари
15. Пекинг, Кина - 1900 долари
14. Шангај, Кина - 1910 долари
13. Вашингтон, САД - 1940 долари
12. Сеул, Јужна Кореја - 1990 долари
11. Лос Анџелес, САД - 2030 долари
10.Дубаи, ОАЕ - 2040 долари
9.Сиднеј, Австралија - 2040 долари
8.Токио, Јапонија - 2050 долари
7.Сингапур - 2050 долари
6. Цирих, Швајцарија - 2200 долари
5. Женева, Швајцарија - 2320 долари
4. Хонгконг - 2740 долари
3. Бостон, САД - 2930 долари
2. Сан Франциско, САД - 3360 долари
1.Њујорк, САД - 3680 долари