Изградбата на „Снежен град“ на Попова Шапка стартува денес
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018
Во
организација на Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје, денес на Попова
Шапка започнува традиционалната детска манифестација „Снежен град“.
Снежниот град ќе го градат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово. Учениците со своите наставници почнаа со нацртите, а потоа ќе следува и градба на разни фигури и предмети од снег, со што до 27 февруари, треба да го оформат најновиот снежен град.
На 27 февруари во 11 часот градителите заедно со директорката на Детскиот културен центар „Карпош“, Ружа Ѓорѓеска ќе го претстават Снежниот град, кој ќе биде отворен за посетителите. Ќе биде организирана и еднодневна посета на Снежниот град.