18 Април, 2024
0.0242

Измир подари 25 животни за „Зоолошка“ во Битола

Објавено во: Стил 25 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Најголемата „Зоолошка Градина“ во Измир, Турција одлучи да подари 25 разновидни животни на „Зоолошката Градина“ во Битола, кои во наредниот период ќе бидат сместени во нови живеалишта.

Иницијативата за оваа донација е на македонскиот амбасадор во Турција Горан Тасковски и е резултат на добрата соработка меѓу градовите од двете држави, односно Измир и Битола, посочи директорот на „Зоолошката Градина“ во Битола, Коста Нешковски.

- Станува збор за повеќе видови животни, газели, камила, птици и други животни кои најголем дел ќе бидат сместени во Зоолошката Градина во Битола, но дел ќе бидат доделени и во Скопје, во зависност од условите за сместување на животните, посочи Нешковски.

На средбата што се одржа во Битола директорот Нешковски од амбасадорот Горан Тасковски и претставникот на општина Измир Аднан Хоџаоглу бил информиран за динамиката на превземање на животните и нивно сместување во соодветни живеалишта.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре