ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: Што ќе им испратат на домашна адреса?
Објавено во: Балкан 06 Септември, 2017
На оние кои одлучиле да летуваат во Бугарија, земјата ќе им се заблагодари.
Министерката за туризам, Николина Ангелкова соопшти дека на повеќе од 400.000 странски туристи на домашна адреса ќе им испратат разгледници.
Оваа иницијатива се прави со цел туристите повторно да се вратат во Бугарија.
Министерката најави дека лично ќе ја потпише секоја разгледница.
Од јануари до јули Бугарија имала 5 милиони туристи.
Тоа е раст за 7.2% во однос на истиот период лани.