Колку девизи во кеш се внесуваат преку граница?
Објавено во: Економија 10 Октомври, 2017
Износот на пренесени девизи во кеш преку граничните премини е помал за една третина во првата половина од годинава во споредба со истиот период лани. Според бројките од Царинската управа, на граничните премини во Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година вкупно се пријавени девизни средства во противредност на 3.553.392 евра, сите на влез во земјава.
- Во однос на царинските испостави, најмногу девизни средства се пријавени на ЦИ Аеродром Скопје (противредност на 1.608.391 евра или 45,26 отсто), ЦИ Блаце (противредност на 1.051.084 евра или 29,58 отсто) и ЦИ Богородица (противредност на 324.307 евра или 9,13 отсто)- велат во Царината.
Во истиот период во 2016 година вкупно, на влез во Македонија се пријавени девизни средства во противредност на 5,3 милиони евра, односно во првите шест месеци од 2017 година се пријавени за 32,79 отсто помалку девизи во однос на периодот јануари- јуни лани.