18 Април, 2024
0.0267

Изозот на Србија во ЦЕФТА регионот ќе расте по влезот на Хрватска во ЕУ

Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Од влезот на Хрватска во Европската унија можеме да очекуваме зголемување на извозот од Србија во земјите членки на ЦЕФТА, а може да се очекува и конечно отварање на хрватскиот пазар за српските производи, изјави помошник министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации на Србија, Бојана Тодоровиќ. Според неa, реално е да се очекува и понатамошен развој на прекуграничната соработка, а со тоа и реализација на заеднички проекти со Хрватска. Според податоците на Тодоровиќ, фактот што во Србија во моментот работат над 200 компании со хрватски капитал, кои произведената стока од Србија ја извезуваат на хрватскиот пазар, може да се очекува дека тоа ќе продолжат да го прават и на пазарот на Европската унија. „Со поскапувањето на производите кои досега Хрватска ги извезуваше во ЦЕФТА регионот, реално се отвара можност и Србија, но и останатите членки на оваа асоцијација го искористат овој момент и да пласираат повеќе производи на тој пазар, имајжи во предвид дека меѓу нив целосно се елиминирани царините за сите земјоделски и прехранбени производи“, смета Тодоровиќ. Од земјите членки на ЦЕФТА, Србија и понатаму ќе остане водечка земја со најголем удел во трговијата, како со индустриски така и со земјоделски производи. Новите царини за извоз во Хрватска, за земјите од ЦЕФТА регионот ќе почнат да важат од 1 јули 2013 година и од 1 јаниари 2014 година. Сите земји од ЦЕФТА очекуваат тешка транзиција од пристапувањето на Хрватска во ЕУ, бидејќи хрватските производи, кои се многу присутни на овој пазар ќе станат поскапи. Вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со земјите на ЦЕФТА (Албанија, БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Албанија) во периодот од јануари-август 2012 година достигна 1,1 милијарди долари, со учество од 16,3% од вкупната размена на Македонија со светот. Евидентиран е пад на вкупната размена од 17,1% во споредба со истиот период од минатата година. Најголемо учество на извозот на Македонија во ЦЕФТА имаат земјоделски и прехранбени производи, производи од црна и обоена металургија, цигари, нафтени масла, лекови и козметика, градежни материјали и друго, а додека во увозот најголемо учество имаат земјоделски и прехранбени производи, електрична енергија, производи од црна и обоена металургиј, лекови и козметика, градежни материјали и други. Вкупната трговска размена меѓу земјите на ЦЕФТА во 2011 година изнесува 14 милијарди долари, остварен е извоз од 7,2 милијарди долари, увоз од 6,7 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе