Израел бара градежни работници
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2016
Израел бара професионални градежни работници за привремено вработување.
Се бараат армирачи, ѕидари, работници за подови и слично.
По поднесување на документи ќе следи и практично тестирање на работниците за професијата која се бара.
Основната плата е 1 540 американски долари, а може да достигне и до 2 000 американски долари со екстра изработени часови и други додатоци. За работниците се обезбедува и сместување.
Дел од овие кадри земјата ќе ги обезбеди од соседна Бугарија.
Кампањата се реализира од Агенцијата за вработување согласно условите на Договорот меѓу владите на Бугарија и Израел за посредување и привремено вработување на државјани на двете држави и Постапката за примената на градежниот сектор.