Извозот во Русија расте - што најмногу извезуваме?
Објавено во: Економија 16 Февруари, 2017
Во 2016 година во споредба со 2015 година во Русија се извезени за речиси 40% повеќе македонски производи.
Македонско-руската стопанска комора соопшти дека извозот во 2016 година достигнал 48,9 милиони евра што е раст за 39,5% во однос на 2015, а намален е и трговскиот дефицит од 153 на 142,9 милиони евра. Вкупната трговска размена лани била 191 милион евра, а во 2015 изнесувала 189 милиони евра.
Во Русија најмногу се извезуваат фармацевтските производи, овошје, зеленчук и вино. На последниот саем „Продекспо“ во Москва зголемен бил интересот за македонските млечни производи.
Се очекува годинава извозот да биде рекорден.