Ја грабнал екс девојката па ја претепал
Објавено во: Македонија 24 Мај, 2017
Млада девојка вчера попладне бил грабната од својот поранешен дечко кој на сила заедно со уште едно лице ја внел во автомобилот и ја одвел од населбата Драчево. Откако застанале насилникот почнал да ја тепа девојката.
-По некое време М.Р. го паркирал возилото и околу 40-тина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал, додека истата со такси возило, кое случајно наишло си заминала. Во 00:40 часот оштетената се упатила на лекарски преглед во болницата “8-ми Септември“, а потоа и во клиничкиот центар “Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, информираат од полицијата.
СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.