ЈА ИЗВЛЕКУВААТ ЗЕМЈАТА ОД КРИЗА: Продаваат пасоши на Руси
Објавено во: Економија 19 Мај, 2017
Русите на Кипар се добредојдени.
Во Индипендент пишува дека на јахтите се вејат руски знамиња, а во рестораните се служат руски јадења.
Во Лимасол почесто може да се видат натписи на руски отколку на грчки јазик.
Оваа „Москва на Медитеранот“ ја доби оваа титула откако се повеќе Руси почнаа да наоѓаат засолниште во оваа мала земја.
Долги години Кипар беше рај за рускиот капитал, а сега имаат и пософистицирани начини за криење на фондовите.
Откако почна купувањето на кипарски пасоши има доселување.
Оној кој ќе вложи 2 милиони евра во недвижен имот или обврзници има право на пасош.
До 2013 година се продадени 2000 пасоши, од кои пола ги земале Русите.
Но, и Русите не останаа должни и лани имаше 4 милијарди евра странски инвестиции.