Ја напуштил фотелјата - сега бара работници
Објавено во: Агробизнис 25 Септември, 2016
Радивоје Мишовиќ ја оставил фотелјата и отворил фарма, а сега бара и работници.
Тој добил субвенции од државата, а другото сам го финансирал. Желбата за економски напредок го принудила 41 годишниот Мишовиќ да започне со своја работа. По 12 години работа во туризам и банкарство, решил да основа фарма со расни крави.
Тој во Рудине, златиборско село почнал да одгледува 20 грла крави, а ќе почне и со производство на швајцарско сирење гријер.
Вели дека оваа работа е неизвесна, бара знаење и многу труд.
Мишовиќ се надева дека вложеното ќе му се врати.
„Проблем е работната сила. Малку се тие кои сакаат да работат и трпеливо да чекаат резултати. Потреба за работници ќе има, иако засега работам сам. Фармата е на 8 км од куќата, а се грижам и за земјиште од 18 хектари“ - раскажува Мишовиќ.
Сирењето гријер ќе го прави на традиционален начин стар 200 години. Сепак, вели за успех потребна е и малку среќа.