ЈА ПРЕДВИДЕ ГОЛЕМАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА: Вели сега се очекува поголем крах
Објавено во: Економија 11 Август, 2017
Стиви Кин, економистот кој ја предвиде големата економска криза вели дека уште едно такво сценарио е неизбежно.
Тој вели дека сите се концентрирани на јавните долгови, но приватните долгови се голем проблем.
Кин работи во Лондон и додава дека економијата во Британија не е стабилна, но тоа никој во политичките кругови не го сфаќа сериозно дека може да создаде нова криза.
Смета дека потрошувачката на Владата не е создала криза, и дека со штедење десет години на тој план само се ослабнува економијата.
Објаснува дека по кризата долгот на Британија е 195% од БДП.
Сега долгот е 170% од БДП или три пати повеќе од оној долг кој го имале во времето на Маргарет Тачер.
„Многу е веројатно дека ќе имаме криза, а уште поверојатно е дека ќе имаме стагнација“ - вели Кин.
Додава дека опасност има и за земји како Кина, Австралија, Белгија, Канада и Јужна Кореја, кои минатата криза ја одминаа со земање на позајмици.
Кин вели дека тие имаат сега поголем терет од долгови, а следната криза тој ја очекува до 2020 година.
„Тоа се економии како американската и ако паднат, тоа ќе го погоди остатокот од светот“ - рече Кин.
Кина вели е посебен случај затоа што има продолжен кредит со камата од 25%.