25 Април, 2024
0.0274

Јаде што сака, патува каде сака, живее како сака: Ова се неговите правила за живот без ограничување!

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Познатипрот готвач, автор на бестселер, ТВ ѕвезда, експерт за патувања, претприемач. Повеќето луѓе сакаат некоја од овие титули а Ентони Бурден (Anthony Bourdain) ги има сите.

Веројатно го знаете од серијалот No reservation“ од телевизијата „24 kitchen“, а многумина го знаат и по книгата „Kitchen Confidential“. Сите се сложуваат дека умее да раскаже приказна, без разлика дали тоа е во книга, или снимајќи серијали.

Патува низ светот за да ужива во добра храна, и тоа не онаа која се сервира во ексклузнивни ресторани, туку на улица, или во скриени, локални места за брза храна. 

Тој сега има своја комапнија. Често се предизвикува себе и се пробува во разни работи.


Еве 20 бисери на мудроста на Ентони Бурден.

1. Вашето тело не е храм, туку забавен парк. Уживајте во возењето.

2. Среќата не е бизнис модел.

3. Патувањето е величенствено чуство во пливање на нешто непознато.

4. Вештините може да се научат. Карактер или имаш или немаш

5. Не морам да се сложам со тебе за да ми се допаднеш или за да те почитувам

6. Не се плашам од тоа дека ќе изгледам како идиот.

7. Без експериментирања, без волја да поставиме прашања и да пробаме нови работи, речиси е сигурно дека ќе станеме статични, монотони, досадни и полу живи.

8. Многу ќе научите од некој кога заедно го делите оброкот.


9. Како се движите низ животот и светот, ги менувате работите помалку, оставувате траги, па и најмали. За возврат, животот и патувањата оставаат траги на вас. Со големината на времето тие траги на вашето тело и на вашето срце се убави. Се случува и да болат.

10. Можеби тоа е некој вид просветлување: знаете дека не постои крај за нашиот ум: нема ни момент самозадоволување на јаснотијата. Можеби е мудрост... да сфатите колку сум мал, и колку не знам, и колку уште многу имам да постигнам.

11. Немојте да лежете. Направивте грешка. Признајте и продолжете. Само немојте тоа повеќе да го правите. Никогаш!

12. (Кога умрам), дефинитивно нема да жалам поради пропуштените шанси за добра забава. Моето каење ќе се однесува на тажниот список повредени луѓе, иневерени луѓе, изгубени ресурси и изгубени шанси.

13. Јас сум тип сака да контролира и доминира, но убедувањето треба да биде некој вид на потчинување, кога го спуштате гардот и уживате во возењето.

14. Патувањето не е секогаш убаво. Не е секогаш удобно. Понекогаш боли, дури и ви го крши срцето. Но, тоа е во ред. Патувањето ве менува, и треба да ве менува. Остава траги на вашата свест, памтење , срце и тело. Од патувањето носите нешто со себе, и се надеваме, ќе оставите нешто добро зад себе.

15. Верувам дека никогаш нема да најдете совршено искуство од патувања или совршен оброк без честа волја да се обидете и нешто полошо/. Морате да дозволитте работите да се случат и случајно и затоа ги охрабрувам луѓето да не се држат до ригиден распоред.

16. Готвењето е занает, така сакам да мислам, а добар готвач е занаетлија а не уметник. И тоа не е ништо лошо. Најубави катедрали на Европа ги изградиле занаетчии-иако не ги дизајнирале. Вежбањето е вештина до усовршување е племенито, често и задоволително.

17. Сакав ударци-некој вид на мелодраматични возбудувања, хирови, за кои чезнеам уште од детството, авантура која ја открив уште кога бев мал во стриповите на Тинтин.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти