19 Април, 2024
0.0295

Јакимовски: Mожевме да ја видиме ефикасноста на полицијата под водство на режимот на Заев

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Веќе екс градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција обвини дека полицијата „под водство на режимот на Зоран Заев“ насилно упаднала во Општина Карпош. 

Тој вели дека некој им јавил на вработените дека денеска ќе се случи примопредавањето на градоначалничката функција и дека затоа тие пакувале работи од кабинетот. 

„Јас таму имам лични предмети на мое име и нормално дека треба да се одвои што е на општината, а што е на лично име, како документи и фотографии, бидејќи во оваа општина јас сум бил осум и пол години. Ние денеска можевме да ја видиме ефикасноста на нашата полиција под водство на режимот на Зоран Заев и можевме да се увериме како тие изминативе два дена не можат да ги најдат и не направиле разговор со тие што сакаа да нè колат вечерта на изборите, ама денеска ефикасно дојдоа, вклучувајќи и „алфи“, и забранија влез во општината за потоа да дојдат инспектори од стопански криминал и да констатираат дека ние раздвојуваме што е лично, а што општинско и ништо повеќе од тоа“ – изјави Јакимовски.

Тој рече дека сите документи што се важни за локалната самоуправа се наоѓаат во архивата и додаде дека општината има електронска архива.

Од Министерството за внатрешни работи, потврдија дека добиле дојава дека се изнесуваат документи од Општината.

„Врз основа на допрен глас дека од просториите на Општина Карпош се изнесува документација на општината, од страна на полициски службеници од СВР Скопје е излезено на местото на настанот, при што е констатирано дека во моментот на проверката не се изнесува никаква документација“ - наведуваат од МВР. 

Од извршениот разговор со градоначалникот Стевчо Јакимовски, утврдено е дека тој се подготвувал за изнесување на личните предмети од сопствениот кабинет заради подготвување за примопредавање на функцијата, додаваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите