20 Април, 2024
0.0285

Јанакиевски: СЈО не спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски денеска реагираше на пресот на СЈО со писмено соопштение во кое тврди дека  целокупната постапка при продажба на земјиштето за изградба на Сончев град е спроведена согласно законските и подзаконските прописи на Република Македонија.

„Апсурдно е што Јанева и СЈО товарат други лица и институции затоа што бил спроведуван законот и затоа што не извршиле кривично дело. Измислувањето случаи каде што сè е чисто и според Закон, како во конкретната пригода, е само уште еден јасен показател дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ и кампања во корист на други политички чинители во Македонија“, смета Јанакиевски.

Претходно и Министерката за Култура, Елизабета Канческа Милевска на пресконфернција посочи дека СЈО сакала да го оцрни целокупното работење на министерството за контрола и дека се работи за политичка пропаганда.

Таа рече дека СЈО уште еднаш докажало дека работи по инструкции дадени од страна на СДСМ и дека работи површно, без никаква анализа врз паушални претпоставки кои немаат никаква врска со вистината.

Инаку денеска СЈО отвори два нови случаи всо име „Топлик“ и „Тендери“ и во нив инволвираните сториле кривични дела со кои директно го оштетиле буџетот на РМ и грубо ги повредиле обврските од Законот за јавните набавки. Прво осомничени се токму Јанакиевски и Милевска.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан