20 Април, 2024
0.0413

Јанева бара и политичките партии да се гонат кривично

Јанева денеска говореше на Регионалниот форум за политики за добро владеење и антикорупција, на тема „Справување со корупцијата и заробената држава во ЈИЕ“

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалната обвинителка, Катица Јанева денеска говореше на Регионалниот форум за политики за добро владеење и антикорупција, на тема „Справување со корупцијата и заробената држава во ЈИЕ“ во организација на Програмата на УСАИД.

Јанева истакна дека ефективната примена на механизми за заштита од злоупотреби ја определува и ефективноста на општеството кое се справува со корупцијата, како најсериозна закана за државата. Вклученоста на граѓанскиот сектор и неговата улога во борбата против корупцијата е од голема важност во обезбедување транспарентност и отчетност на институциите. 

Јанева смета дека е потребно актуализирање на кривичната одговорност на политичките партии како неопходна алатка во борбата против корупцијата Јанева рече дека кривичната одговорност теоретски е овозможена во Кривичниот законик на РМ, каде во член 122, став 6, и партиите се дефинирани како правни лица, но сепак во практиката тоа дело изостанува низ правосудниот систем.

- Последиците од коруптивното однесување ги плаќаат граѓаните кои не поседуваат механизми за контрола на Владата и институциите, но ние имаме обврска да обезбедиме адекватен институционален одговор на корупцијата, изјави Јанева.

Јанева смета дека се покажува неопходно „да се вратиме и на колективната одговорност, затоа што не ретко, одговорно лице врши злоупотреба во име и во корист на политичка партија, па оттука и неопходноста да може да одговараат и политичките партии“.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители