ЈАНЕВА НАД ПОЛИТИЧАРИТЕ: Што покажуваат рејтинзите?
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2017
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева ужива голема доверба кај граѓаните, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) направена од 4 до 21 август.
Од испитаниците 28% се изјасниле дека имаат многу добро мислење за Јанева, а 23% одговориле дека имаат донекаде добро мислење за неа. По неа на листата следи премиерот Зоран Заев за кого 25% од граѓаните имаат многу добро мислење, а 26% донекаде добро.
Претседателот Ѓорѓе Иванов е трет и за него 21% од граѓаните имаат многу поволно мислење, а исто толку имаат донекаде поволно. Спикерот Талат Џафери е следен со 10% многу поволно мислење и 22% донекаде поволно, а по него следува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој има 15% граѓани кои одговориле со многу поволно мислење, и 17% донекаде поволно.