19 Април, 2024
0.0851

Јанева вети и не дојде на комисија - Ѓорчев ја презакажа седницата

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на Комисијата за политички систем,  Влатко Ѓорчев денеска ја откажа надзорната расправа за извештајот на СЈО затоа што обвинителката Катица Јанева не дојде. 

Ѓорчев рече дека не се создадени деловнички услови за одржување на седницата. Кажа дека од Јанева не добил известување дека нема да дојде.

Тој седницата ја закажа за утре,  кога на пленарна седница се предвидени пратенички прашања.

Во петок Јанева ја напушти седницата и рече дека веќе нема да доаѓа, затоа што и се врши класичен мобинг.

Портпаролката на СЈО, Ленче Ристовска денеска потврди дека Јанева нема да доаѓа на седницата на Комисијата за политички систем.

Од власта се заканија дека ако Јанева не доаѓа да го презентира извештајот, а со тоа според нив ги крши законите и Уставот, тогаш нема да прифатат ниту едно од нејзините барања за законски измени и продолжување на рокот за работа. 

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески ВМРО -ДПМНЕ од оваа Комисија прави циркус со цел извештајот на Јавниот обвинител Марко Зврлески да не дојде на дневен ред. 

За извештајот на СЈО се расправа од среда минатата недела. 




Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите