Добивај вести на Viber
Словенечкиот премиер Јанез Јанша го известил парламентот на денешната седница дека ќе ја преземе функцијата министер за финансии откако досегашниот министер Јанез Шуштершиќ поднел оставка.
Премиерот го известил парламентот дека наместо министерот Сенко Пличаница кој исто така поднел оставка, фунцијата министер за правда и јавна управа ќе ја врши министерот за инфраструктура и околина Ѕвонко Чернач.
Државниот секретар во Министерството за финансии би требало да стане државен секретар во кабинетот на премиерот.