29 Март, 2024
0.0248

Јануарски раст на Јавниот долг: Владата должи 2,7 милијарди евра!

Објавено во: Финансии 05 Март, 2014

Добивај вести на Viber

И оваа 2014 година започна со нови задолжувања. Додека Министерството за финансии објави дека Јавниот долг на Централната Влада достигна 34,6% од Бруто Домашниот Производ, директорскиот борд на ММФ оцени дека темпото на задолжување ќе ја однесе земјата до задолженост од 49% од БДП во следните четири години. Во меѓувреме, засилуваат задолжувањата од домашните кредитори. Денеска, по основ на доспеани записи Владата треба да се раздолжи со 30-тина милиони евра откако вчера се задолжи со повеќе од 45 милиони евра. Ново задолжување и раздолжување! Само за еден месец, или од декември 2013  година до крајот на јануари годинава Јавниот долг на Централната Влада се зголеми за 18 милиони евра. Во првиот месец од годинава Владата должи 2 милијарди и 775 милиони евра или нивото на задолженост изнесува 34,6% од БДП, што за еден месец претставува раст од 0,3 процентни поени. Анализата на бројките покажува дека во јануари надворешните задолжувања се замрзнати, но затоа растат внатрешните долгови. Практично, на терен се реализира она што Владата веќе го најави - дека буџетските потреби за пари ќе ги покрива со задолжувања од домашните кредитори, банките, пензиските фондови, осигурителните компании. Внатрешните задолжувања, што се спроведуваат преку продажба на државни хартии од вредност, според апсолутната вредност веќе се приближуваат на надворешните долгови. Така, во јануари долгот на Централната Влада кон странство изнесува скоро 1 милијарда и 600 милиони евра, а внатрешниот долг е речси 1 милијарда и 200 милиони евра. Дека темпото на задолжување ќе расте, прогнозираат и директорите од Меѓународниот Монетарен Фонд. Во оценката за Македонија тие сметаат дека до 2018 та година Јавниот долг ќе достигне 49% од БДП.
“Економскиот раст продолжува да јакне иако не на широка основа. Надворешните и фискланите слабости се зголемија. Долгот на Централната Влада иако се уште е умерен во рамките на проектираните 36% од БДП, тој пораснал за околу 15 проценти од почетокот на кризата. Неодамна воспоставената Среднорочна стратегија за управување со Јавниот долг е добредојдена. Капацитетот за сервисирање на надоврешните долгови, вклучувајќи го и оној кон ММФ, останува на адекватно ниво“, пишува во оценката на ММФ и се додава: “Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде исплатени во текот на 2014-2018 година.  Македонската банка за развој (МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека Јавниот долг ќе се  зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“.
Гувернерот Димитар Богов, наспроти овие прогнози, изјави дека ММФ ја оценува економијата во регионален контекст и дека на крајот ќе се покаже чии оценки биле точни.
“Сите ние имаме различни проекции. Ќе видиме која проекција на крајот ќе биде точна, но изминатите години покажаа дека нашите проекции се сепак секогаш поблиски до остварувањата. Причината за тоа е што ние имаме најсеопфатен модел за македонската економија додека меѓународните институции немаат посебен модел за македонската економија туку ја гледаат во еден регионален контекст при што веројатно и посветуваат многу малку внимание“, изјави гувернерот Богов.
Според стратешките определби на Владата, Јавниот Долг не треба да надмине 40% од БДП. За годинава главно се најавени задолжувања од домашните кредитори. Вчера преку една аукција на државни записи со рок на доспевање од една година, Владата се задолжи со 45 милиони евра, иако претходно со Проспектите на Министерството за финансии беше најавена побарувачка од 31 милион евра, по што со денешното раздолжување, во буџетската каса останаа допонителни 15-тина милиони евра за трошење. Годинава Владата ја издаде и првата домашна обврзница со рок на доспевање од 10 години. Долгорочните задолжувања веќе го зголемуваат својот удел во вкупната структура на долговите. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка