25 Април, 2024
0.0421

Јапонија го избра Абе. Што ја очекува?

Објавено во: Свет 23 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Либерал - демократската партија на Абе заедно со младиот коалициски партнер "Комеито" освои 311 од вкупно 465 места во парламентот, и покрај падот на поддршката кон премиерот со 10%. По победата 63-годишниот лидер ветува дека ќе се бори со двете според него национални кризи на Јапонија - воената закана од Северна Кореја и населението кое старее и се намалува. 

Што ја очеккува Јапонија?

Во областа на надворешната политика Абе ветува цврста позиција за проблемите со ракетна и нуклеарна програма на Северна Кореја. Тој нуди промени во Уставот, влезен во сила во 1947 година . Главните фундаментални принципи - демократија, почитување на човековите права и пацифизам ќе бидат задржани, но Абе сака промена во  Чл. 9, кој вели дека Јапонија се откажува засекогаш од војната како средство за решавање на меѓународни разлики.

Благодарение на добриот изборен резултат и заработени 2/3 од местата во Долниот дом на парламентот Абе веќе може да ги покрене плановите за уставни промени. Тој даде барање за тоа веднаш по објавувањето на прелиминарните резултати, ветувајќи силни "контрамерки" против Пјонгјанг. Тој исто така смета дека промената на Чл. 9 од Уставот е само формалност која ќе ги "озакони" и без тоа постоечките вооружени сили на земјата. Неговите критичари велат дека тој сака да ремилитаризира државата.

Во сферата на економијата Абе ќе ја продолжи својата стратегија за економски подем, позната како "Абеномика", со нов план во вредност од 2 трилиони јени. Политиката на зголемување на државните инвестиции со цел стимулирање на економската активност дава резултат на бруто домашниот производ (БДП) на Јапонија и веќе шест последователни квартали тој расте. Противниците на планот на Абе сметаат дека тој му штети развојот на средната класа за сметка на големите компании.

Премиерот си поставува и нови цели во енергетиката, за да не се претвора Јапонија во уште повеќе енергетски зависна земја по хаваријата во нуклеарната централа во Фукушима. Тој смета дека сите технички проверени нуклеарни реактори треба повторно да започнат со работа. Според експерти Шинзо Абе ќе започне и изградба на нови реактори со цел произведување на 20 - 22% електрична енергија во земјата.

Веднаш по изборите во Јапонија, во телефонски разговор американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави Шинзо Абе за победата и двајцата лидери разговараа планираната посета во Токио од 5 до 7 ноември.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина