Јапонија со инвестиции од 368.626 евра помош за проекти во Македонија
Објавено во: Економија 13 Март, 2017
Во текот на денешниот ден Амбасадата на Јапонија во Скопје треба да потпише шест грант договори со македонски институции.
Тие договори треба да обезбедат 368.626 евра помош за проекти во Македонија.
Проектите се финансираат од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти” (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects – GGP) основана од Владата на Јапонија.
Со парите ќе се рехабилитираат неколку училишта ширум земјава, ќе се опремува Пелагонискиот плански регион со механизација за превенција од поплави, ќе се опремува Унверзитетската Клиника за Гастроентерохепатологија со медицинска апаратура, Против-пожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило и слично.