24 Април, 2024
0.0250

Јавен повик за финансирање на земјоделците

Објавено во: Агробизнис 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година. Повикот се однесува на мерките економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност, инвестиции наменети за воспоставување задруги со претежна дејност од област на земјоделството на кои им е одобрена програмата за работа од Министерството за земјоделство и помош за вршење земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина и инвестиции предвидени за надомест на трошоци за номадско одгледување овци, кози и говеда. Висината на средсктвата ќе биде од 80 отсто од просечната бруто плата во дејноста, а помошта ќе се однесува за периодот од 01-ви ноември 2011 до 30-ти октомври 2012 година за вработено лице. Барањата и потребните документи можат да се подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка и на нејзината веб страница, а треба да се испратат  наjдоцна до 26-ти ноември годинава.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари