20 Април, 2024
0.0269

Јавен повик за закуп на државно земјоделско земјиште во Свети Николе

Објавено во: Агробизнис 09 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска објави јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во Свети Николе. Вкупната површина изнесува околу 5400 хектари, за катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово,  Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци. Земјоделското земјиште се дава под закуп како целина за одгледување  на други земјоделски култури (житни и фуражни), на 15 години, со право на продолжување. Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или пак да се трговеци поединци на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности. Право на учество на јавниот оглас и на поднесување на понуди во постапка со прибирање на понуди немаат лицата, кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации. Барањата треба да се поднесат во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на објавувањето на огласот.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари