20 Април, 2024
0.0267

Јавни набавки: Една цена во тендерот, друга во договорот!?

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Недоследности при спроведувањето на јавните набавки во Фондот за пензиско констатирал - Државниот завод за ревизија... Минатата година, Фондот за пензиско склучил договори за угостителски услуги во вредност од 29 илјади евра без да се спроведат соодветни постапки, за што ревизорите забележуваат дека не е во согласност со закон.

„Нецелосното уредување на начинот, намената и износот за користење на репрезентацијата предвидена со финансискиот план како тековни расходи може да влијае на рационално и ефикасно искористување на средствата“, наведуваат ревизорите.

Понатаму, ревизијата констатирала дека кај постапките за јавни набавки за кои на електронска аукција е остварено намалување на цените, сепак била воспоставена пракса, подоцна договорот да биде склучен со најповолниот понудувач, но не со намалената цената постигната на електронската аукција, туку со првичната повисока цена.

„Склучен е договор за набавка на електрична енергија во износ поголем од постигнатата цена на електронската аукција, односно вредноста на договорот е во висина на проценетата вредност утврдена со Одлука за јавна набавка. Во текот на ревизијата склучен е анекс на договор согласно постигнатата цена на електронската аукција“, пишуваат ревиозорите...Додека траела ревизијата – институцијата превземала мерки за надминување на состојбите при набавките за годинава...

Кај дел од тендерите пак ревизорите отвораат и дилема за дискриминаторски елементи, но со постапка за јавна набавка од годинава надминатата е констатираната состојба..

Фондот за пензиско, писмено го известил Државниот завод за ревизија дека поради нецелосна кадровска екипираност на одделението за јавни набавки, дел од забелешките на ревизорите се отстранети во текот на ревизијата а останатите дополнително ќе бидат надминати.


Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд