Јазик и три години искуство - вие сте на пола пат до Австралија
Објавено во: Економија, Свет 30 Септември, 2016
Ако добро го зборувате англискиот јазик и имате три години работно искуство, вие сте на пола пат да најдете добро платена работа во Австралија.
Австралија се соочува со немање на квалификувана работна сила.
Има широк спектар на занимања кои се бараат како книговодители, инженери, медицински кадар, бравари, водоинсталатери и друго.
Просечната плата е од 3.900 до 4.800 евра.
Работа има и за фитнес инструктори и дадилки за чување на деца.
За заминување во Австралија треба да се преведат дипломи, сертификати, да се соберат препораки од претходни работодавачи, да се добие виза за која се чека неколку месеци, и се препорачува за почеток прво да се земе туристичка виза.
Порталот "BestJobs" нуди широк спектар на професии кои се бараат во Австралија.