24 Април, 2024
0.0252

Јитка Пантучкова, Охридска Банка: Кредитите ќе ги зголемуваме и годинава, нема место за песимистичко сценарио!

Објавено во: Финансии 12 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Јитка Пантучкова, Претседател на Управен одбор на Охридска Банка во интервју за Фактор зборува за предизвиците со кои успешно се справува Охридска банка на македонскиот пазар. Како дел од Сосиете Женерал, банката двојно го зголеми пазараното учество и од локална прерасна во национална банка со амбициозни планови за иднината. Прифотот на банката лани се зголеми за три и пол пати повеќе од профитот во 2011 година. За годинава банката очекува и зголемување на кредитното портфолио за 14 %. Фактор Охридска банка е во сопственост на странска банкарска групација. Колку кризата во Европа – преку вашата банка – мајка влијаеше врз работењето на Охридска банка во Македонија ? Јитка Пантучкова:  Охридска банка е во сопственост на Сосиете Женерале, единствена меѓународна банкарска групација присутна во земјата.  Припадноста во Сосиете Женерал во последните пет години значајно влијаеше на равојот на банката во позитивна насока. Банката ја дуплираше мрежата на експозитури, двојно го зголеми бројот на вработени, двојно го зголеми пазарното учество, значајно го зголеми клиентското протфолио и прерасна од локална во национална банка. Значи, покрај кризата во Европа, патот на Охридска банка е одбележан со успех под чадорот на Сосиете Женерал. Банката ја модернизираше понудата за население и претрпијатија, управувањето во односите со клиентите и ја подобри перформансата квалитативно и квантитативно. Фактор Каква е состојбата со кредитното портфолио на Охридска банка, колкав процент зафаќаат кредитите на населението а колку изнесуваат кредитите кон фирмите? Пантучкова Во вкупното кредитно портфолио кон нефифнасискиот сектор на крајот на 2012 година 32,28% се кредити на население, а 67,72% кредити на претпријатија. Фактор Кои кредити се најтрактивни за  населението? Пантучкова Најатрактивни кредити за население се кеш кредитите кои учествуваат со 34,76% во вкупното портфолио на кредити за население, потоа станбените кредити со 26,68% и хипотекарните кредити со учество од 17,03%. Пречекорувањата на трансакциска сметка и кредитните картички исто така масовно се користат и нвниот удел изнесува 9,71%. Преостанатиот дел отпаѓа на автомобилски кредити и кредити со депозит. Фактор Каков беше интересот на компаниите за кредити за репрограмирање? Пантучкова Репрограмирањето може да претставува излезно решение кога некој клиент не успева да продолжи да го сервисира банкарскиот кредит согласно динамиката утврдена со договорот од повеќе причини: намалување на приходите, ликвидносни проблеми или други потешкотии. Се трудиме да ги одбегнеме ваквите неволји со темелна анализа однапред и интензивно следење во текот на отплатата на кредитот. Охридска банка води сметка кредитната изложеност на комитентите да соодветствува со реалните можности за отплата во неповолен економски амбиент. На тој начин ги заштитуваме клиентите од ризикот на пропаѓање и ја заштитуваме банката од лоши пласмани. Но, условите на криза секако знаат да ги изместат состојбите во стопанството. Оттука и ние се соочуваме со поединечни случаи на репрограмирање на кредитите. Репрограмирањето може да му помогне на клиентот да надмине повремени потешкотии, но бара издвојување на резервации од страна на банката. Праксата на Охридска банка е континуирано следење на промените во работењето на клиентите и стручно советување за соодветни рокови на отплата за нови кредити без да се доведе во прашање редовното сервисирање на постојните кредити. Фактор Лани беше една од најтешките кредитни години кога растот изнесуваше само 5,4 проценти. Каков кредитен раст може да се очекува годинава? Пантучкова Точно е дека 2012 година беше кредитно-чувствителна за банкарскиот сектор. Но, за Охридска банка беше уште една успешна година – ги зголемивме вкупните кредити кај клиентите за 15% во споредба со 2011 година. Разгледувано по пазарни сегменти, порастот на кредити кај население изнесува 12% додека кредитите кај претпријатија се зголемија за 17% на крајот на 2012 во споредба со 2011 година. Оваа година очекуваме Охридска банка повторно да расте над просекот во бакарскиот сектор. Очекуваме пораст на вкупното кредитно портфолио за 14%. Фактор Експертската јавност смета дека една од причините за забавен кредитен раст е конзервативната политика на банките за кредитирање во време на криза? Пантучкова Македонската економија ги чувствува последиците од кризата што ја погоди Европа и не може во целост да се заштити од овие влијанија. Банките, вклучувајќи ја и Охридска банка го следеа овој тренд со воведување на, јас повеќе би рекла, внимателна, отколку конзервативна политика. Како што кажав претходно, имаме последователен кредитен раст во изминатите години далеку над банкарскиот просек. Нема да потпаднеме под песимистички сценарија и оваа година. Го анализираме поединечно секое кредитно барање со евалуација на специфичната ситуација на клиентот, неговите потреби и реални можности за сервисирање на кредитот. Крајната цел е да му понудиме на клиентот целосно решение што ќе биде најповолно за него. Клиентите што имаат храброст за мудро инвестирање и капацитет за отплата на кредитот може да се потпрат на нашата кредитна поддршка. На овој начин им помагаме на клиентите да го надминат кризниот период, но исто така и да бидат добро подготвени за во блиска иднина кога кризата ќе биде минато. Велат, подобро е да се спречи отколку да се лечи. Поради тоа водиме сметка клиентите да не се презадолжуваат и да ја одржат сособноста да ги сервисираат кредитие кога пазарните услови ќе преминат кон неповолни. Фактор Колку резервациите што ги одвојувате кај Народната банка, како гаранција за кредитите , влијаат врз вашата кредитна политика? Пантучкова Резервациите и нето трошокот за ризик остануваат наш главен фокус поради сеуште нејасните перспективи за опоравување на реалниот сектор. Коефициентот на нефункционални кредити во Охридска банка е строго под контрола на ниво од 7,2% на крајот на 2012 година, значајно под просекот на банкарскиот сектор кој изнесува 10,5%. Корпоративното портфолио е клучен двигател на трошокот за ризик поради одложените плаќања присутни кај реалниот сектор во целост. Резервациите во протфолиото на население продолжуваат да бидат на прифатливо ниво поради здравите пласмани на нови кредити кај овој сегмент во изминатите три години. Очекуваме понатамошно намалување на нефункционалните кредити и нето трошокот за ризик кај населението. Како резултат на тоа, ќе обрнеме повеќе внимание на претпријатијата поради повисокиот трошок за ризик, во очекување на благо релаксирање на условите за вработени во кредитоспособни компании. Резервациите за целосната кредитна изложеност се во согласност со локалната регулатива во очекување на позитивно опоравување и наплата во текот на годината. Фактор Дали може да се очекува скорешно олабавување на условите за кредитирање? Последната анкета меѓу банкарите што ја спроведе народната банка укажа на тоа дека поради присутните ризици не може да се очекува промена во кредитната политика на ниво на банкарскиот сектор? Пантучкова Охридска банка нема што многу да промени во својата кредитна политика за комитенти-правни лица. Во изминативе години нашата урамнотежена кредитна политика ни овозможи да растеме со значително побрза динамика од банкарскиот сектор додека ненаплатливите пласмани останаа под контрола на значително пониско ниво од пазарниот просек. Со минатогодишниот резултат Охридска банка повторно освои водечка позиција на пазарот со активно, но претпазливо кредитирање на здрави, конкурентоспособни фирми и издржани инвестицииски проекти. Со кредитната поддршка на Охридска банка голем број претпријатија успешно ја пребродија кризата и дојдоа до средства за модернизација и проширување на производствените капацитет и други вредни деловни потфати. Фактор Дали Охридска банка наскоро планира намалување на каматните стапки за кредитите? Пантучкова Каматните стапки кај правни лица се одредуваат индивидуелно според финансиската состојба на кредитобарателот, кредитната историја, обезбедувањето на кредитната изложеност и оценката за квалитетот и ризикот на проектот за кој се бара кредит. Оттука нема простор масовно да се спуштаат каматните стапки за пласманите кај правни лица. Меѓутоа со зголемено ангажирање на поволни странски кредитни извори (од ЕБРД, ИФЦ и други институции) и интензивно користење на средствата од ЕИБ преку МБПР, каматните стапки кај кредитите од Охридска банка со години бележаат континуирано опаѓање. Просечните каматни стапки за комитенти на Охридска банка актуелно се движат значително под просекот на банкарскиот пазар во Македонија. Кај населението, каматната политика останува под влијание на присуството на факторите на ризик, висината на каматните стапки на депозитите и понудата на конкурентите. Воведовме промотивни услови за кеш кредитите, автомобилските, станбените и компакт кредитот, како и кај кредитното животно осигурување. Фактор Каква е сотојбата со депозитите ? Дали се враќа довербата во еврото? Пантучкова Вкупната депозитна база е доминантна компонента  во изворите на финансирање на Охридска банка. Депозитите се зголемија за 19,2% во 2012 споредено со претходната година. Во депозитната структура 62,4% припаѓаат на депозити од претпријатија, а останатиот дел од 37,6% на депозити на население. 60% од вкупните депозити се со ЕУР компонента , 29% во денари и 11% во останати валути. Ваквата структура потврдува дека постои доверба во евро валутата. Фактор Каде ги позиционирате клучните ризици за одобрување на кредити годинава? Од што ќе зависи кредитирањето? Пантучкова Кредитната активност ќе биде под влијание на нефункционалните кредити. Ова ќе има значајна улога во дефинирање на критериумите за кредитирање, особено кај корпоративниот сектор. Ако процентот на нефункционални кредити се зголеми банките пропорционално ќе го намалат апетитот за превземање кредитни ризици. Фактор Заврши банкарската 2012-та година. Какви се финасиските резултати на Охридска банка? Пантучкова  2012 беше најдобра година за Охридска банка од превземањето на Сосиете Женерал. Неревидираните годишни резултати покажуваат пораст на билансот на состојба од 10,7% споредено со 2011 година. Ова најмногу се должи на порастот на депозитната база и изворите од меѓународните финансиски институции. Веќе споменав – депозитите пораснаа 19,2% и кредитите 15%. Некаматните приходи се зголемија 17,4%, а трошоците останаа под контрола со незначителен пораст од 2,5%. Ова доведе до финансиски резултат на крајот од годината од 128 милиони денари или околу два милиони евра што е три и пол пати повеќе од профитот во 2011 година. Очекувам овие резултати да бидат потврдени на претстојното собрание на акционери на банката. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА