19 Април, 2024
0.0264

Јолевски: Се додека не се договори последната запирка оваа иницијатива на преговори може да пропадне

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е дипломатски настан од големо значење и дава силен елан за македонските аспирации за членство во Алијансата, но сосема јасно е дека најпрво мора да се изнајде компромисно решение со Грција за да сопре нивната меѓународна блокада, задача која не е воопшто лесна како за дипломатите, така и за македонскиот политички врв кој мора да внимава на сите сензитивни прашања. Зоран Јолевски, поранешниот амбасадор на Македонија во САД, поранешен преговарач за името и поранешен министер за одбрана, е човек кој ги извршувал највисоките државни функции поврзани со македонските аспирации за членство во НАТО, па затоа ја пренесуваме неговата перспектива за пораките кои ги испрати Столтенберг, но и за повиците да се најде начин како опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во процесот.

Како ја оценувате посетата на Столтенберг на Македонија, пораките кои ги пренесе на државниот врв и во обраќањето пред пратениците во Собранието? Дали посетата на Столтенгберг треба да биде сигнал и за грчката страна да допринесе во процесот на решение за спорот на името со подготвеност за компромис бидејќи тие се главната пречка која стои пред членството на Македонија во НАТО?

Посетата на Генералниот секретар на НАТО Столтенберг е сигнал дека Алијансата сака да ја види Македонија како нејзина членка. Членството на Македонија во НАТО придонесува за зајакнување не само на стабилноста на Македонија, туку и на регионот пошироко и Европа во целина. Влезот на Македонија треба да се гледа како дел од напорите за одамна поставената цел: „Европа цела, слободна и во мир“. Ваквите посети се значајни и претставуваат сигнал на поддршка и охрабрување.

Пораките што ги испрати во неговото обраќање во Собранието всушност претставуваат потврда на ставовите на Алијансата во поглед на проширувањето, позицијата на Република Македонија, како и вредностите врз кои почива НАТО. Значајно е што покрај средбите со државниот врв, Генералниот секретар на НАТО имаше средби и со најголемите политички партии, кои потврдија дека постои нивна поддршка, односно консензус околу евро-алтлантските процеси на Македонија. Преку присуството на сите политички партии во Собранието за време на неговото обраќање се покажа дека членството во НАТО е приоритет на Република Македонија.

Има ли сега мало разочарување по серијата на оптимистички пораки кои ги испрати македонската дипломатија, откако медијаторот Нимиц го даде својот последен предлог?

Немам информации што е содржината на рамката предложена од медијаторот Нимиц, така да не можам да ги коментирам предложените решенија. 

Во поглед на оптимизмот што се појави во медимите, внимателната анализа на изјава на министерот Димитров ден пред новата рунда на преговори во која вели дека е оптимист со грижи укажува на одредена резерва и претпазливост. Министерот Димитров беше повеќе години преговарач, така да добро го знае процесот и сите предизвици.

Не треба да заборавиме дека разговорите под покровителство на ОН за надминување на разликите околу името се водат од 1995 година и навлегуваат во мошне сензитивни порашања. Секој искусен преговарач знае дека се додека не се договори последниот елемент, последниот збор, па и запирка, постои можност таа иницијатива да пропадне, и разговорите од почеток да почнат. Исто важи и за овие разговори.

Додека бев преговарач, а сигурен сум дека и пред и потоа, можам да кажам дека Македонија искрено била посветена на процесот под покоровителство на Генералниот секретар на ОН за изнаоѓање заемно прифатливо решение кое ќе го заштити идентитетот и дигнитетот на македонските граѓани. За жал, грчката страна, по Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година беше мошне комотна. Последниве неколку месеци Владата во Атина испраќа сигнали дека е заинтересирана за напредок, но останува да се види што тоа значи.

Овдека сакам да се осврнам на уште еден значаен елемент од амбиентот за постигнување на заeмно прифатливо решение. Имено уште во 2010 и 2011 г. на моите средби со медијаторот Нимиц, како и со останaтите дипломати кои се интересираа за разговорите, укажував на потребата грчкото општество, тука пред се мислам на тинк тенкови, медиуми, невладни организации и др.  да се подготват за компромисно решение. Изјавите и реакциите на одредени чинители во Грција последниве две недели покажаа дека тоа не е направено, што ги отежнува разговорите.   

Што мислите за актуелната геополитичка состојба во која на САД и е неопходно да продолжи проширувањето на НАТО по заострувањето на односите со Русија. Дали во тие игри Македонија може да профитира или пак да прерасне во жртва која ќе биде принудена на тежок компромис?

Неколку пати досега имам истакнато дека геополитичката состојба во Европа е промената последниве 6-7 години. На тоа свое влијание имаше арапската пролет, настаните во Украина, Сирија, терористичките напади во Европа и мигрантската криза. Европа не e истата од првата декада на овој век. Затоа е потребно стратегиски да се размислува за многу прашања вклучувајќи ја тука и интеграцијата на земјите од Југоисточна Европа кои сакаат да станат членки на НАТО. На Безбедносниот форум во Вротцлав пред три години изјавив: Колку повеќе НАТО е во Југоисточна Европа толку Балканот и Европа се побезбедни. Доказ за тоа е членството на Црна Гора.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека целосно се исклучени од процесот на преговори и изнаоѓање решение, додека пак власта побара од нив да се вклучат во процесот за да се изгради заеднички став, каде тука лежи несогласувањето меѓу двете политички страни и колку тоа е на штета на дипломатските напори?

Претседателот Мицковски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не e консултирано во поглед на разговорите под покровителство на ОН. Од друга страна видовме дека грчката Влада направи консултации со сите релеватни политички чинители. Што постигна Грција со ова? Прво, ја зацврсти својата преговарачка позиција. Второ, доколку се дојде до некое решение полесно ќе обезбеди негова поддршка во Парламентот. Кај нас партијата која има значен број пратеници во Собранието е целосно исклучена од процесот, односно не е консултирана. Ако внимателно се анализираат изјавите на Мицковски може да се заклучи кои се позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, не знаеме дали тие ставови се вклучени во преговарачките позиции. Иако разговорите под покровителство на ОН траат нешто повеќе од 22 години, последната фаза, која започна со создавање на атмосфера за наоѓање решание започна уште минатото лето и пред два дена кулминира со предлог рамка на медијаторот Нимиц. Целта е истите да завршат пред Самитот на НАТО во јуни о.г. Значи се изминати повеќе од 7 месеци на оваа фаза во разговорите и дојдено е до фаза да биде предложена рамка, а еден значен чинител во политичката сфера, ВМРО-ДПМНЕ да биде целосно исклучено. Задача на владеачкото мнозинство беше да обезбеди инклузивност, да ги покани релевантните политички субјекти и да направи консултации.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?