Јосифовски не жали пари за акциите на Макпетрол
Објавено во: Економија 25 Септември, 2017
Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, Андреја Јосифовски, во изминатите 30 дена се стекнал со нови 300 акции од издавачот Макпетрол АД Скопје. Според актуелните цени на акцијата на Макпетрол, Андреја Јосифовски за 300 акции потрошил околу 150 илјади евра. Јосифовски и во јули исто така откупи 60 акции од Макпетрол АД Скопје.
Во јуни годинава Макпетрол донесе одлука за откуп на сопствени акции од распоредените средства за посебни резерви за купување во износ од 171.010.355 денари, со што се одобри купување сопствени акции до висина од една десетина од основната главнина на компанијата.
На крајот на август Макпетрол се стекна со 2500 обични акции преку откуп на сопствени акции на берза што преставуваше 2,22% од основната главнина на друштвото.
Ваквите вложувања како на Макпетрол, така и на директорот Јосифовски покажуваат дека раководството има доверба во перформансите на компанијата и очекуваат враќање на инвестираното.
Постапката за преземање на Макпетрол од страна на Балкан Петролеум и натаму е во тек, но е заглавена во институциите.