20 Април, 2024
0.0255

Јован Јоанидис продал 23,2 отсто од акциите во „Технометал Вардар“ за 83.000 евра???

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

„Технометал Вардар“ има околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и ги дава под наем. Менаџментот за 2016 година планирал од закупнини да генерира приход од 635.000 евра.

Во блок трансакција на Македонската берза во понеделник беа истргувани 18.640 акции со право на глас во „Технометал Вардар“ за сума од 5,13 милиони денари (околу 83.000 евра) односно по 275 денари за акција. Вкупно беа истргувани 23,25 отсто од акциите во „Технометал Вардар“. Толкава количина акции во „Технометал Вардар“ има Јован Јоанидис, претседател на Надзорниот одбор и познат скопски адвокат и долгогодишен акционер во оваа позната македонска компанија. Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор.мк“ достави прашања до Јоанидис во кои прашува дали Јоанидис е продавач на акциите и доколку е тој зошто ги продал по цена од 275 кога се знае дека книгивидствената вредност на таа акција е над 3.600 денари, а последната пазарна цена е 515 денари и е постигната пред подолго од една година. 
Доколку добиеме одговор од Јоанидис во целост ќе го обајвиме на „Фактор.мк“

Што вреди во „Технометал Вардар“?

„Тенометал Вардар“ е комапнија специјализирана за трговија која во минатото беше синоним за македонскиот извоз. Во осумдесетите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“. „Технометал Вардар“ е позната по тоа што поседува околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и го издава под наем. Воедно оваа компанија поседува и дворно место од 1.25 квадратни метри во центарот на Скопје и уште 1.243 квадратни метри под објект. „Технометал Вардар“ поседува и 140.000 квадратни метри земјиште во индустриската зона во скопската населба „Маџари“  и затворен магацин од 4.600 квадратни метри. Според годишниот извештај за 2015 година „технометал Вардар“ го поседува и хотелот „Панорама“ во Крушево.
Според истиот извештај менаџментот на компанијата од кирии планирал 635.000 евра приходи за во 2016 година. Веројатно износот е реализиран, но тоа ќе се потврди откако ќе биде објавен новиот извештај за работењето во 2016 година.

Кои се проблемите на „Технометал Вардар“?

Компанијата има голема кредитна изложеност, според податоците од годишниот извештај за 2015 година. Според пишувањето на менаџментот во периодот од 2008 до 2015 година „Технометал Вардар“ за отплати и камати по кредити спрема Комерцијална банка и Стопанска банка Скопје платиле 8,76 милиони евра од кои 3 милиони евра се од продажба на имот, а другите од работење на компанијата. Компанијата е застапник на големи светски компании од областа на безбедноста, енергетиката, опрема за пречистителни станици и други дејности. Според менаџментот во овој период тешко стопанисувале и тоа се рефлектира и на билансите на компанијата. Во 2015 година компанијата за камати и провизии платила 1 милион евра.

Кои се акционерите во „Технометал Вардар„?

Според актуелната состојба во регистарот на Централниот депозитар за хартии од вредност најголем акционер е компанијата МЕПКОМ која има 24,9 отсто од акциите. Оваа фирма, според неофицијални информации, е сопственост на бизнисменот Кочо Моцан кој е претседател на Управниот одбор на „Технометал Вардар“. Јоанидис има 23,25 отсто, фирмата „Ултимус“ поседува 17,4 отсто од акциите, а физичкото лице Орде Китановски поседува 5,05 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите