Јована нема веќе да ја гледаме на „Фчерашни новости“-оди портпарол во финансии
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2017
Јована која јавноста ја запозна со стартот на актуелните „Фчерашни новости“ повеќе нема да ја гледаме како дел од екипата која ги смееше гледачите на телевизија Телма.
Аврамовска ќе биде дел од тимот на Министерството за финансии како портпарол.
Дел од медиумите пренесоа дека таа имала претходно телевизиско искуство во Телевизија Сител и дека дипломирала на Економски факултет на УКИМ, каде што професор и бил токму министерот за финансии Драган Тевдовски.