ЈП „Комунална хигиена“ почнува со работа од понеделник во новото седиште
Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2017
Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје преку соопштение до медиумите информира дека од понеделник ќе стартуваат со работа од новото седиште на Претпријатието кое сега се наоѓа во поранешната управна зграда на ФАС „11-ти Октомври“ во близина на Скопскиот Саем.
Меѓудругото имајте на ум дека досегашното седиште на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, на бул. Илинден бр.1, веќе не е во функција.