23 Април, 2024
0.0271

ЈСП објави оглас за изградба и доградба на објекти на Милениумскиот крст

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ распиша јавен оглас за архитектонски услуги за изградба, надградба и доградба на објекти на Милениумскиот крст на Водно. Според информациите од Бирото за јавни набавки огласот е наменет за изработка на проектна програма за довршување на објектот Милениумски крст. Проектот опфаќа хортикултурно уредување, приклучок за вода , изградба на тоалети и се што е потребно за да се создадат услови за изградба на долгонајавуваниот ресторан на Милениумскиот крст. По завршувањето на огласот и кога теренот ќе се оспособи, ќе следи тендер за избор на инвеститор за изградба на ресторанот, изјави Мишо Николов, директор на ЈСП „Скопје“ Огласот трае до 26 овој месец за кога е закажано и јавното отворање на понудите. Луксузниот хотел на Милениумскиот крст се најавува веќе четери години. Карабината за ресторанот изградена уште во 2002 година од Фондацијата Милениумски крст кои преку тендер избраа фирма која инвестираше во застаклувањето,пред околу четери години е комплетно застаклена. Досега стои застарен и неупотреблив, бидејќи тогаш не се јавуваше ниту една компанија за стопанисување, поради проблемот со превозот водоводните приклучоци. Со изградбата на жичарницата се реши превозот, а со огласот на ЈСП Скопје се очекува да се реши и последната пречка, водоводната мрежа. Во моментов на просторот на Милениумскиот крст, работи импровизираниот ресторан.

Можеби ќе ве интересира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“