28 Март, 2024
0.0269

Југ ги негира обвинувањата на Живаљевиќ, тврди сакал да се испере преку него

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Игор Југ кого српскиот агент Горан Живаљевиќ вчера го обвини дека е човекот кој требало да го убие Зоран Заев на крвавиот четврток на  27 април, преку Фејсбук одговори на обвинувањето. 

Тој пишува дека вчера на телевизија „Happy“ во емисијата „Кирилица“ , агентот на БИА, Живаљевиќ се обидел да се испере со него и да го претстави како платен убиец. 

„Па друже Живаљевиќу, да ти поставам неколку прашања како лаик! Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Друго нешто, ако сум професионален убиец, зошто не носев маска? Ќелав човек од над 100кг. со долга брада, со тетовирани раце и во маица на ХОС бев само јас, значи секој чекор многу лесно можеше да ми се следи и ми е снимен од камерите! Така ли се оди кога сакаш да убиеш некој? Објасни ми ти, зошто си професионален шпиун, а правиш вакви пропусти кога профилираш еден „платен убиец“!? Друже Живаљевиќу, дали некој ќе најми профи убиец кој така облечен јавно ќе оди да убие претседател на политичка партија? Каде е тука здравиот разум!?Зар толку сите ги потценуваш и им ја навредуваш интелигенцијата и здравиот разум!?Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!? Ретардирано жртвено јагне со уште поретардирани налогодавци, нели така испаѓа!? Епа друже Горане, јас не сум ниту платен убиец, а не сум ни ретардиран, а не е ретардирана ниту јавноста на која ова и го пласираш!!! Може не сме учеле школи за агенти, ама сме го гледале сите „Enemy of the State“ со Вил Смит и Џин Хекмен, приказна која сакаш сега ти со твоите другарчиња да ни ја продадеш во Македонија!“ - пишува Игор Југ на Фејсбук. 

На Живаљевиќ му порачува да ја провери неговата биографија и дали тој убил досега некого во своите 47 години. 

Ако сакаш да го заташкаш твоето присуство во Собранието таа вечер, биди покреативен и повеќе внимавај на детали, пишува тој и наведува дека сите кои ја пласирале оваа лага ќе бидат дадени на суд. 

Живаљевиќ претходно изјави дека сите служби присутни во Македонија ги знаат по имиња сите оние десетмина луѓе под маски кои упаднаа во Собранието на 27 април и, како што рече тој, еден од нив  требало да го убие Заев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење