29 Март, 2024
0.0429

Југохром ќе проработи, Владата ќе му даде еко-дозвола

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Југохром во Јегуновце по многу перипетрии, протести и стотина отпуштени работници конечно ќе може да проработи, штом ќе приврши со изградбата на филтрите. Владата на седница донесе одлука да потпише Меморандум за разбирање со компанијата Југохром и синдикатот при што ќе се гарантира дека веднаш по завршувањето на изградбата на системот за отпрашување печките ќе може да се вклучат, а работниците да се вратат на работните места.

- Владата на Република Македонија го донесе ова решение со единствена цел – надминување на проблемите во оваа компанија кои доведоа до запирање на нејзиното работење откако нејзината управа не ги обезбеди неопходните еколошки сандарди пропишани за овој тип индустрии. После повеќе средби и разговори меѓу претставници на компанијата, на синдикатот на Југохром, и на граѓанските еколошки организации, донесен е заеднички заклучок дека сите наведени субјекти се заинтересирани за продолжување со работа на компанијата. Управата на друштвото во овој правец изјавува дека е спремна да прибави А – еколошка интегрирана дозвола согласно закон, преставниците на синдикатот исто така ја искажуваат нивната спременост веднаш да се вклучат во процесот на работњето. Од друга страна невладините организации не се противат на повторното рестартирање на работата на комбинатот, по инсталирање на соодветни заштитни филтри и опрема која ќе го спречи загадувањето на животната средина.

Владата на Република Македонија исто така ја искажува својата спремност, преку надлежните органи, веднаш по исполнувањето на условите, да ја издаде еколошката дозвола потребна за продолжување со работа на комбинатот и гарантира дека постапката ќе биде завршена во најкраток можен рок.

Имајќи го во предвид сето погоренаведено, се создаде потреба од потпишување Меморандум за разбирање за надминување на состојбите поврзани со работењето на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар, што ќе го потпишат управата на компанијата, синдикатот и Владата на Република Македонија.

Како дополнување на оваа одлука, Владата на Република Македонија го овласти Заменик преседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев, во име на Владата на Република Македонија да го потпише Меморандумот за разбирање со претставниците на управата и синдикатот на Југохром Алзар, соопштија од Владата на РМ.

Југохром оваа пролет започна со градежните активности и поради задоцнувањето на добивањето на дозвола изградбата не стигна во првично предвидениот рок но, затоа пак компанијата се надева дека на почетокот на 2018 година веќе системот за отпрашување со делумен капацитет ќе биде ставен во употреба со што ќе може да се активира и дел од производниот погон.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“